Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маричиќ: За помалку од една недела започнува првата фаза од пописот

Маричиќ: За помалку од една недела започнува првата фаза од пописот

Бојан Маричиќ, министерот за правда, најави дека за помалку од една недела започнува првата фаза од пописот на населението. Од први до 15 март, две недели пред официјалниот почеток на пописот, согласно законот, ќе бидат преброени војниците и лицата без лични и здравствени документи
„Од Државниот завод за статистика утрово не информираа дека подготовките за пописот одат во најдобар ред. За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението.

Тоа што е многу важно е дека „Евростат“ и директно потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со ЕУ законодавството, односно највисоките стандарди за спроведување на ваква статистичка операција“, објави министерот на Фејсбук.

По ова тој смета дека треба да престанат сите деструктивни обиди за саботирање на пописот, вели Маричиќ.
„Потребно е да се обединиме и конечно да почнеме заеднички да работиме за доброто на државата. Апелирам сите чинители својата политичка енергија да ја трошат во развојот и просперитетот на земјата. Тоа им го должиме на граѓаните“, додава тој.




Слично

Поврзани вести