Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маричиќ за Пендиков: Би го повикал Обвинителството секаде каде има омаловажување на нашиот народ да си ја сработи работата

Маричиќ за Пендиков: Би го повикал Обвинителството секаде каде има омаловажување на нашиот народ да си ја сработи работата

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека охриѓанецот Христијан Пендиков може кривично да одговара за тврдењата за малтретирање на Бугари во земјава. Пендиков во интервју дадено за бугарска телевизија обвини дека во Македонија убиваат, тепаат, стрелаат Бугари и дека полицијата на презема мерки. 

Маричиќ смета дека Пендиков не го нападнале во Охрид затоа што се чувствува како Бугарин.

„Такво тврдење треба да се докаже. Тоа не е точно, според мене, дека е напаѓан затоа што е Бугарин. Ние одговоривме, секако дека не оправдуваме насилство кон никого", изјави Маричиќ за во интервју за Макфакс.

Тој кажа дека момчето ќе сноси одговорност за навредите кон државата. 

„Би го повикал Обвинителството, исто како што сме го повикале и во најновите случаи сега, секаде каде што има говор на омраза, омаловажување на нашиот народ и на достоинството, да си ја сработи својата работа. Пендиков не треба да биде исклучок", рече Маричиќ.

На 19 јануари две лица во Охрид го нападнале Пендиков, по што Бугарија со владин авион го однесе во Софија на лекување. Потоа беше соопштено дека ќе му обезбедат сместување и обезбедување, затоа што според нив трпел закани по живот. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека обвинувањата на Пендиков се глупост. 

Пендиков пак рече дека во Македонија се учи лажна историја, а тој сака да се врати и да може слободно да каже дека е Бугарин. 

Судењето за тепањето на Пендиков почнува утре. 

Слично

Поврзани вести