Маричиќ вели дека Владата не гледа проблем од вметнувањето на Хрватите, Црногорците и Бугарите во македонскиот Устав
Може да разговараме за вметнување на Бугарите во Уставот, за јазикот нема отстапки, изјави вечерва вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во Тема на денот на телевизијата Сител.
Вели дека Владата не гледа проблем од вметнувањето на Хрватите, Црногорците и Бугарите во македонскиот Устав.
„Одамна бараат овие три малцинства. Подготвени сме да разговараме и не гледаме проблем во однос на малцинствата што веќе сме ги ставиле и ги имаат нивните права. Сметам дека ова треба да се случи пред нашето членство во ЕУ, како работа на нашиот систем“, рече Маричиќ.
За средбата на дел од Македонците од Бугарија со претседателот на државата, Стево Пендаровски, вицепремиерот смета дека тој настан не треба да биде тридимензиониран.
