Маричиќ: Разрешени 12 судии од страна на Судскиот совет
Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција информираше дека во изминатиот период досега се разрешени 12 судии од страна на Судскиот совет и дека се надева дека „прочистувањето“ ќе започне и во Обвинителството.
- Според моите информации, 12 разрешени судии има на основа на непрофесионално однесување од страна на Судскиот совет. Постојано на своите седници Судскиот совет, кој ги разгледува извештаите и преставките од граѓаните. Очекуваме тој процес да се прошири и на Обвинителството, односно и таму да дојдат тие резултати, рече Маричиќ на денешната прес-конференција.
Кога станува збор за воведувањето на отпечатокот од прст на локалните избори во втората половина на октомври, тој рече дека измените на Изборниот законик ќе започнат со разгледување уште на следната собраниска седница.
- Измената е изготвена вчера, Очекувам да се разгледува на ппрвата наредна седница, ноткако претседателот на Собранието ќе се координира со пратеничките групи и да овозможиме Државната изборна комисија да направи тендер за тестирање и ставање во функција на опремата, наведе министерот.
