Маричиќ: Пописот до 20.00 часот
Бојан Маричиќ, министерот за правда, во емисијата „Туриснки брифинг“ информира дека националниот попис денеска ќе заврши во 20.00 ласот.
„На последниот ден од пописот можеме само да оддадеме почит на Државниот завод за статистика за успешното спроведување на статистичката операција.
Денес на терен до 20:00 часот ќе бидат допопишани оние граѓани кои до сега не беа посетени од попишувачите. Следува период од 6 месеци за обработка на податоците кои потоа ќе бидат објавени“, објави министерот.
До вчера 1.760.194 лица се запишани во статистичката операција попис . Пописот опфатил и 546.080 домаќинства и 789.406 станови.
Во однос на дијаспората, правото на самопопишување го искористиле 201.247 граѓани. Денеска завршува пописот а според надлежните негово продолжување засега нема да има.
Уверување дека пописот ќе заврши во законски рок искажа и првиот човек на ДЗС Апостол Симовски кој посочи дека последниот збор ќе го има Државниот завод за статистика.
Слично
