Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маричиќ по решението за Бардовци: За добра одлука, нема лош тајминг

Маричиќ по решението за Бардовци: За добра одлука, нема лош тајминг

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека „за добра одлука, нема лошо време“, одговарајќи на прашањето зошто пред вториот круг од локалните избори е донесена владина одлука да се стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и да се гради вон населено место. 

- Овој проблем долго беше отворен, работеа повеќе министри и градоначалникот на Карпош. Протестот и процесот траења долго, имаа 1.800 потписи што не е бројка за занемарување, па така Владата едногласно одлучи со поддршка од МВР и премиерот да бара нова локација вон населено место. Сега се погоди моментот, затоа што предолго тлее проблемот, рече Маричиќ.

Владата во вторникот објави по седницата дека донела одлука да се стопира изградбата на Прифатниот центар за странци во населбата Бардовци во Општина Карпош. Изградбата ќе се одвива на друга локација надвор од населено место. Ова доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот.


Слично

Поврзани вести