Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маричиќ: Од следната недела план како ќе функционира Владата

Маричиќ: Од следната недела план како ќе функционира Владата

Министерот за правда и функционер на СДСМ, Бојан Маричиќ, од следната недела најавува конкретен план за тоа како ќе функционира Владата по најавената оставка на премиерот Зоран Заев.

„Неблагодарно е да се зборува додека траат консултациите со коалиционите партнери и внатрепартиските консултации. И денеска ќе има серија на средби, а очекуваме од идната недела да излеземе со конкретен план, затоа што е важно и за граѓаните и за државата. Нас ни е приоритет да се зачува парламентарното мнозинство, бидејќи тоа е и волја на сите коалициони партнери и да ја најдеме, секако, најдобрата формула како да продолжи да функционира Владата во овој момент“, рече Маричиќ како одговор на новинарско прашање.

Министерот додаде и дека одговорност ќе поднесат и други функционери, по оставката на Заев.

„Денеска ќе има сериозна серија на средби, ќе се прави оценка на одговорноста на Централниот изборен штаб и на останатите нивоа, а потоа ќе се договориме што ќе следи во смисла на поднесување одговорност“, дополни Маричиќ.

Слично

Поврзани вести