Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маричиќ: Нема ништо спорно во тоа што Заев координираше акција за пронаоѓање на Мијалков

Маричиќ: Нема ништо спорно во тоа што Заев координираше акција за пронаоѓање на Мијалков

За министерот за правда Бојан Маричиќ нема ништо спорно во тоа што премиерот Зоран Заев ги координирал Јавното обвинителство, Кривичниот суд и Министерството за внатрешни работи во пронаоѓањето на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков додека тој беше во бегство. 

Претходно, Владата објави дека премиерот Зоран Заев ја координирал акцијата во пронаоѓањето на поранешниот директор на УБК, по што тој сам се појави во јавноста а потоа доби првостепена казна затвор од 12 години за случајот со масовното прислушкување „Таргет Тврдина“.

-Овде се разговараше за бегство на човекот кој неколку дена подоцна веќе му беше изречена казна затвор од 12 години. Не зборуваме за монтиран случај, не беше целта на тој состнаок да се монтира случај против било кого, туку целта беше како да се врати некој кој е во бегство. Некој за кој целата јавност беше заинтересирана – рече Маричиќ во емисијата 360 Степени на Алсат ТВ.

Според министерот, на состанокот никој не навлегол во туѓи надлежности, туку секоја институција постапила максимално во рамки на своите надлежности и обврски. 


Слично

Поврзани вести