Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во изјава за Канал 5 вели дека едно е осудата на тоа што се случило во Сребреница како геноцид, тоа нема никаква врска ниту може во никој случај и на никаков начин да значи, дека таа дамка во Сребреница може да се фрли врз целиот српски народ или на Србија. 

„Затоа мислам дека не треба и не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ. Напротив, ние негуваме блиски односи, блиски релации и со Србија и со српскиот народ. Ги цениме нашите традиционално добри односи и сакаме да ги градиме и понатаму“, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека ставот на Македонија е многу јасно утврден со Декларација на Собранието донесена уште на почетокот на 2010 година.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е изненаден од реакциите по објавата дека Република Северна Македонија е меѓу 17 држави кои ја коспонзорираа Резолуцијата на Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година.

Пред сѐ, рече, е изненаден од луѓе кои сметаат дека тоа влијае на односите со Србија, нагласувајќи дека е „универзална човекова должност да се осуди која било форма на геноцид, независно кои се сторителите“.

Во Србија веќе имаше реакции за ставот на Македонија. За српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјавата на Османи е дрска. 

Слично

Поврзани вести