Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маричиќ: Не можам да бидам рамнодушен за условната казна за сообраќајката во Охрид по која две момчиња починаа

Маричиќ: Не можам да бидам рамнодушен за условната казна за сообраќајката во Охрид по која две момчиња починаа

Министерот за правда, Бојан Маричиќ реагираше за условната пресуда за сообраќајка во Охрид. 

Тој ставот го објави на социјалните мрежи. 

„Како министер за правда, но пред се како човек и родител не можам да бидам рамнодушен по одлуката на судот, кој пресуди условна казна за сообраќајката во Охрид по која две момчиња починаа, а три девојки беа тешко повредени. Очекувам праведна одлука на повисоките судови, а Судскиот совет будно да го следи целиот случај“, пишува тој. 


Во сообраќајката која се случи лани на магистралниот пат Охрид – Свети Наум, кај клучката за излез кон хотелот ,,Инекс” почина 27-годишниот Иван од Битола. По еден месец борба за живот поради тешките повреди, почина и неговиот другар Милан.

Слично

Поврзани вести