Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маричиќ: На Кичеец му се одземени погодностите

Маричиќ: На Кичеец му се одземени погодностите

Бојан Маричиќ, министерот за правда, денеска изјави дека на Зоран Милевски, осудениот на тригодишна казна затвор за случајот „Рекет“, му се одземени сите привилегии во затворот во Струга по сообраќајната несреќа во кое имаше и едно починато лице, а при тоа Кичеец возел еден од автомобилите.

- Кичеец е на повторно продолжување на издржување на казната затвор во Струга, со одземени сите погодности кои што ги имал претходно, од страна на судот, што значи дека нема да биде повеќе во можност да направи онаква грешка како што направи со сообраќајката, рече Маричиќ.

Кичеец инаку е во отворено одделение во затворот во Струга, а министерот тврди дека на ниво на земјата, годинава има околу 30 затвореници со претходниот статус на Кичеец.

По моите информации, над 30 лица годинава имаат таков статус на лице кое што е во полуотворено или отворено одделение и имаат можност да работат во текот на издржувањето на казната, меѓутоа кога ќе се случи ваков случај, логично е тие погодности да бидат одземени. Значи системот реагира навремено, вели Маричиќ.

Слично

Поврзани вести