Маричиќ: Која е поентата на опозицијата? Да има помалку Македонци на пописот?
Министерот за правда Бојан Маричиќ синоќа во емисијата 360 степени, на телевизија Алсат, и порача на опозицијата да не повикува на бојкот на пописот на населението најавен за напролет.
Тој вели дека е потребно да се престане со политизација на статистичката операција, бидејќи искуството од пропаднатиот попис е доволна поука дека на него треба да се гледа како на статистичка операција суштински потребна за државата, а не како на политичко прашање.
“ВМРО ДПМНЕ како опозиција се обидува од самиот почеток да го политизира, а токму затоа не успеа пописот од 2011 година. Која е целта на евентуален бојкот на кој и повикала опозицијата? Да има помалку Македонци на пописот?“, рече во еден момент Маричиќ.
Тој додаде дека нема да има одложување на пописот и додаде дека и покрај пандемијата државата докажала дека има капацитет да организира сложени операции со масовно учество на граѓаните.
– Покажавме дека можеме да ги спроведеме парламентарните избори, Владата покажаа дека може да организира вакви масовни операции. Важно ќе биде попишувачите да бидат здрави, да бидат заштитени, а до тогаш ќе видиме до каде ќе биде и вакцината, истакна министерот.
