Маричиќ ќе биде прв вицепремиер место Груби
Министерот за политички систем Артан Груби потврди дека повеќе нема да биде прв вицепремиер со доаѓањето на Талат Џафери како технички премиер во Владата.
Неговото место во привремената Влаада ќе го завземе досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Бојан Маричиќ
-На предлог на Социјалдемократскиот сојуз мојот драг колега Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот Талат Џафери, што е и логично впрочем затоа што тоа е концептот - првиот заменик премиер да биде од коалицискиот партнер. Ако премиерот е од ДУИ првиот заменик да биде од СДСМ, ако премиерот е од СДСМ, првиот заменик да биде од ДУИ. Убеден сум дека ќе ја изврши работата доследно рече денеска Груби.
Џафери треба денеска да си поднесе оставка на местото претседател на Собранието и да биде избран за прв премиер Албанец на техничката преодна влада.
