Маричиќ го потпишал барањето за екстрадиција на Игор Спасов
Македонија и официјално побара екстрадиција на лицето Игор Спасов, соопштија од Министерството за правда.
„Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото. Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ, стои во соопштението.
Игор Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешковски, но во меѓувреме додека беше пуштен на лекување од затвор избега од земјава. Беше уапсен на 1 февруари во Софија. Бугарските медиуми објавија дека се испоставило дека живеел во стан на жена во Софија и таму бил пријавен за семејно насилство.
Претходно во Бугарија влегол од Турција.
Слично
