Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маричиќ денеска ќе претседава со Советот за реформи во правосудството, на кој ќе се донесе Методологијата за прочистување

Маричиќ денеска ќе претседава со Советот за реформи во правосудството, на кој ќе се донесе Методологијата за прочистување

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, потврди дека денеска ќе претседава со Советот за реформи во правосудството, а меѓу точките е и потврдувањето на Методологијата за прочистување на правосудството.

„Сметам дека ова е клучната алатка за враќањето на довербата на граѓаните во правната држава“, напиша Маричиќ за првиот приоритет кој го постави Владата во својата „Агенда 21“.

– Советот за реформи во судството денеска треба да ја потврди методологијата за прочистување на правосудството. Овој поцес е примарен за враќањето на довербата на граѓаните во системот, рече министерот претходно на прес-конференцијата по повод 100-те дена изминати од новиот мандат на Владата.

Со методологијата ќе се прочистуваат долги судски рочишта, одложувањата и неефикасните постапки. Методологијата беше донесена заедно со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители а со истата следната година ќе се филтрира судството и обвинителството. 

- Ова според нас е најдобриот начин, како фелата сама да си ги прочисти своите редови, истакна министерот за правда. Сите оние судии или обвинители, кои незаконски постапиле, направиле прекршувања во постапките, намерно ги одложувале или нестручно постапиле ќе бидат исфилтрирани од правосудниот систем.  Посебен фокус ќе биде ставен на случаите на висока корупција и организиран криминал, наведе тој.


Слично

Поврзани вести