Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маргарита Цаца Николоска: Кривичната одговорност не се утврдува преку анкетни комисии – тоа е работа на судот

Маргарита Цаца Николоска: Кривичната одговорност не се утврдува преку анкетни комисии – тоа е работа на судот

Првата судијка во Европскиот суд за човекови права и актуелен претседател на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николоска, во гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше за улогата и значењето на анкетните комисии во државата.

Таа истакна дека анкетните комисии можат да придонесат во создавање на перцепција и во воспоставување на одреден вид на одговорност, но дека тие не можат да ја заменат судската постапка.

„Тоа е работа на судот, и кривично-правната одговорност треба да се оствари во судските постапки,“ нагласи Николоска.

Според неа, јавноста понекогаш може да создаде впечаток дека формирањето на анкетна комисија има политичка цел.

„На некој начин, да. Особено кога станува збор за случаи за кои веќе има пресуди, иако не се правосилни. Сепак, постојат одредени одлуки кои упатуваат како треба да се постапува од кривично-правен аспект,“ појасни таа.

Николоска додаде дека анкетните комисии се политичко-правен инструмент и дека во одредени случаи е тешко да се процени нивната вистинска потреба и ефективност.


Слично

Поврзани вести