Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маргарита Цаца Николовска претседател на работната група за уставни измени

Маргарита Цаца Николовска претседател на работната група за уставни измени


Работната група за подготовка на предлогот за уставни измени ја одржа првата уставна седница, за нејзин  претседател е избрана Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. За потпретседател е избран Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право. .

Предлагач на статутарните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да ја формира работната група. Работната група ќе има задача да го подготви предлогот за иницијативата за потребата од промена на Уставот. По изготвувањето на предлогот, ќе биде доставен до Владата, која ќе треба да ја достави иницијативата до Собранието. Предлозите ќе поминат од сите работни тела во рамките на Собранието.

Работната група брои 23 членови, од кои 10 се од редот на експерти, 10 се од предлози на политички партии и 3 члена се предлози на кабинетот на претседателот на РСМ, од МНР и од Секретаријатот за европски прашања.

Министерот за правда Кренар Лога и заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ на членовите на работната група им посакаа успешна работа и им порачаа дека ова е историска шанса да ја постигнеме нашата стратешка цел, членство во ЕУ.


Слично

Поврзани вести