Мардас: Без име за севкупна употреба и уставни промени нема решение
Пратеникот на СИРИЗА од регионот на Солун, Димитрис Мардас, смета дека сложено име со терминот Македонија за Грција е второто најдобро решение.
Во интервју за Радио Слободна Европа вели дека без име за севкупна употреба и уставни промени нема решение на спорот. Тој вели дека било историски докажано дека македонска нација не постоела.
„Навистина време е да се реши тој проблем, бидејќи ние потрошивме многу време од 1992 година за да стигнеме до оваа позиција. Знаеме дека нашиот сосед го користи терминот Македонија од 1945 година. Ние веруваме дека тоа е погрешен термин кој се користи. Како и да е, вие знаете дека од 1945 година, шесте републики на Југославија го користеа тоа име и требало да се реши проблемот уште многу одамна. Ние не можевме да постигнеме решение до сега, но сега доаѓа време да го решиме проблемот и да најдеме веродостојно решение. Тоа е тоа што треба да го направиме“ - вели тој.
Додава дека е оптимист дека сложеното име е второ најдобро решение.
