МАПАС: Комерцијална е новата банка чувар на имотот на ВФП отворен доброволен пензиски фонд
Имотот на отворениот доброволен пензиски фонд ВФП - Скопје преминува од Шпаркасе банка во Комерцијална банка, која сега ќе биде банка чувар на нивниот имот.
Ова го соопштија од Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС, од каде појаснуваат дека веќе целосно е завршена миграцијата.
- Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека на 07.11.2023 година успешно е извршена миграцијата на имотот на ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје, од Шпаркасе банка АД Скопје во новата банка чувар на имот Комерцијална банка АД Скопје - се наведува во соопштението испратено од МАПАС.
Од таму посочуваат дека почнувајќи од денеска (08.11.2023 година) Комерцијална банка АД Скопје ја превзема улогата на банка чувар на имот на ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.
- Банка чувар на имот е институција на која и е доверена одговорноста за чување на средствата на пензиски фонд, а нејзините функции во врска со чувањето на средствата се утврдени согласно законите за капитално финансирано пензиско осигурување - се појаснува во соопштението од МАПАС.
Од оваа институција посочуваат дека повеќе информации во врска со капитално финансирано пензиско осигурување граѓаните може да најдат на нивната веб страна www.mapas.mk.
