МАПА НА ЗЕМЈОТРЕСИ: Македонија е изложена на голем ризик
Објавена е мапа на глобален ризик од земјотреси, при што Македонија е изложена на голем ризик.
Италија, Грција, Македонија и Албанија се земји кои се изложени на многу поголем ризик, а Словенија, Србија и БиХ се изложени на ист ризик како и Хрватска. Турција е најактивна сеизмички и ризикот од разорен земјотрес на секои 50 и 100 години. Едно од три лица во светот е изложено на ризик од земјотреси, а тој број е двојно зголемен во последните 40 години. Земјотресите предизвикуваат 40 милијарди долари директна штета годишно. FM Global, една од најголемите компании за осигурување на комерцијален имот во САД, објави глобална мапа на подрачја подложни на земјотреси.
Во земјава земјотреси многу почесто се случуваат во западниот дел. И оваа година имаше земјотреси близу Маврово, Гостивар, Центар Жупа.
