Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАПА НА КРЕАТИВНОСТ: Само една земја од регионот е зад Македонија

МАПА НА КРЕАТИВНОСТ: Само една земја од регионот е зад Македонија

Истражувачите креативноста ја дефинирале како продукт на три мерливи категории и тоа талент, технологија и толеранција. 

Истражувањето на Martin Prosperity Institut наречено Глобален индекс на креативност 2015, го претстави новиот модел на креативност како економски показател за развој. 

Рангирањето е направено врз основа на истражувања, инвестиции, развој и број на патенти по жител. 

Талентот на една држава е пресметан како комбинација на збир на луѓе со високо образование и збир  на луѓе кои работат во „креативните индустрии“. 

Третиот фактор толеранција е за односот на државата кон бегалците, националните малцинства, други расни групи и ЛГБТ заедницата. 

Најдобро рангирани земји на светот се Австралија, САД, Нов Зеланд, Канада, а најслабо рангирани се Мадагаскар, Гана и Ирак. 

Словенија е најдобра во регионот 

Од регионот Словенија е на 16 место, а Црна Гора е на 46 место. Србија е на 54, а Хрватска на 58 место. Македонија е на 74 место, а БиХ е на 108 место. 

За Македонија за талент е дадена оценка 63, за толеранција 70 и за технологија 76. 

Слично

Поврзани вести