МАПА: Eве како избегал Груевски
Мапиравме како Никола Груевски избега од Македонија во Унгарија, пишува унгарскиот портал adatujsagiras.atlatszo.hu.
Интерактивната мапа ви покажува како осудениот на две години затвор македонски премиер Никола Груевски мораше да избега во Унгарија, и да побара статус на политички бегалец. Приказната има уште многу прашања, но новинарите постојано имаат појасна слика за бегството.
Никола Груевски кој во периодот меѓу 2006 и 2016 година беше премиер, сепак, од минатата недела за него има меѓународна потерница.
Според извештаи на албанските, црногорските и српските власти, Никола Груевски ја напушти Македонија во неделата на 11 ноември, од каде што отпатува за Албанија, а потоа и за Црна Гора. Во понеделник, на 12 ноември, тој пристигна во Србија доцна во понеделникот, напуштајќи ја рано во вторникот. Властите на засегнатите земји објавија дека кога поранешниот македонски премиер останал во нивната земја, кога немаше меѓународна потерница за апсење против него, па затоа не беше уапсен никаде.
Мапата можете да ја видите овде
фото adatujsagiras.atlatszo.hu
