Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАНУ Е СТОЛБОТ НА НАШАТА ДРЖАВНОСТ, НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ЈА ДЕЛИ И РАЗМНОЖУВА ВО ПРОВИНЦИСКИ МАНИР: Се огласи Грчева за иницијативата на Вреди

МАНУ Е СТОЛБОТ НА НАШАТА ДРЖАВНОСТ, НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ЈА ДЕЛИ И РАЗМНОЖУВА  ВО ПРОВИНЦИСКИ МАНИР: Се огласи Грчева за иницијативата на Вреди

Откако вчера се појавија информациите дека Вреди сакаат да формираат албанска МАНУ, во јавноста се појавија бројни реакции.

Се огласи и Солза Грчева на оваа тема.

Таа прашува во која држава има две национални академии по етничка основа?

„Каква академија на науките и уметностите на Албанците заговараат Вреди?!

Во која држава има две национални академии по етничка основа?

Ова никако не смее да се дозволи.

Инаку и во МАНУ, одговорно тврдам, дека барем двајца Албанци академици се влезени од политиката (едниот од министер, другиот од пратеник), без потребни научни квалификации за еден академик. А, што е поинтересно постојат други двајца научници Албанци кои се врвни во науката, меѓу најцитираните од Македонија. Е нив ги неќат токму нивните колеги. Никогаш не ги предложиле. Од завист, најверојатно.

МАНУ е столбот на нашата државност и никој не смее да ја дели и размножува во провинциски манир и најмалку по етничка основа!“ напиша таа на фејсбук.



Слично

Поврзани вести