Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манојловски: Да се пробудиме и да станеме луѓе

Манојловски: Да се пробудиме и да станеме луѓе

Најстариот пратеник во Собранието од  ДУИ, Бранко Манојловски, на своите колеги им порача да проработи човечноста кај пратениците и да работат за доброто на Македонија.

Да се пробудиме и да станеме луѓе, рече тој. 

Тој рече дека треба да зборуваат еден со друг, а не еден против друг. На колегите им советуваше да не се нервираат иако имаат различни мислења и според неего тоа е здраво. 

„Ние сите работиме за Македонија. Бесцелно е со денови овде да влегуваме во детали. Сите имаме заедничка идеја тоа е доброто на сите. Бидете мирни, јадете како луѓе, пиете како луѓе. Можеби вам ви е смешно, но ете јас така гледам на работите“- вели Манојловски.

За оваа порака Манојловски доби аплауз од колегите пратеници. 

Слично

Поврзани вести