Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манфред Вебер: Ова е лудило - Турција преговара со ЕУ, а Северна Македонија не може!

Манфред Вебер: Ова е лудило - Турција преговара со ЕУ, а Северна Македонија не може!

Поранешниот кандидат за претседател на Европската комисија и еден од највлијателните политичари во ЕУ, Манфред Вебер, побара од Брисел уште на самитот во декември да одобри почеток на преговорите со Македонија.

Авторитетниот германски парламентарец ги повика за време на парламентарната расправа во Стразбур лидерите на националните влади на ЕУ да ја исправат грешката со недоделувањето на датум за преговори за Македонија и Албанија минатиот месец, а октомрискиот самит го нарече „трагедија“..

„Недозволиво е, од една страна да течат преговорите со Турција, а од друга страна, на Северна Македонија да и се кажува дека не може да биде членка на ЕУ. Ова што го правиме е лудо“, рече Вебер


Слично

Поврзани вести