Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мандиќ: Советникот Башановиќ ургираше кај Заев да не одам во притвор

Мандиќ: Советникот Башановиќ ургираше кај Заев да не одам во притвор

Обвинетата Јасна Мандиќ, поранешната заменик-претседателка на организацијата „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски, на денешното рочиште рече дека советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ, ургирал кај премиерот таа да не оди во притвор како осомничена во случајот.

Ова го тврдеше откако обвинителството читаше вибер-комуникација од нејзиниот телефон, а за една од пораките рече дека е препратена комуникација од премиерот Заев и од поранешниот негов советник Башановиќ.

Башановиќ му рекол на Заев „да види ако може Јасна да не оди во притвор“, на што премиерот наводно му одговара на тоа со зборовите „Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и од судот. Ќе видам што можам да направам”.

За разлика од првообвинетиот во „Меѓународен сојуз” Бојан Јовановски-Боки 13, Мандиќ доби куќен притвор. Истовремено обвинителката Вилма Русковска  рече дека ваквата мерка за Мандиќ се должи поради тоа дека има дете со здравствени проблеми.

За случајот „Меѓународниот сојуз“ за измама на бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети покрај Мандиќ и Боки 13, се уште и Фросина Ременски, Миле Јовановски.

Мандиќ се товари за помагање во измамата и перењето пари.


Слично

Поврзани вести