Мандатот на СЈО во опасност да биде привремено прекинат
Мандатопт на СЈО е во опасност да биде привремено прекинат, затоа што средба помеѓу власта и опозицијата за новиот закон за Јавно обвинителство не е планиран во следните три недели, додека во август Собранието нема да работи поради годишните одмори. Инаку мандатот на Специјалното јавно обвинителство истекува на 15 септември.
Опозициската ВМРо-ДПМНЕ, како што објкави Алсат, донесе одлука да создаде три интерни работни групи во рамките на партијата, од кои една за обвинителството, втората за судски случаи и третата група со експерти од областа. Секоја група ќе им даде свои препораки на преговарачкиот тим, кој потоа ќе ги презентира своите ставови во преговорите.
Од Министерството за правда велат дека со нетрпени го чекаат текстот од ВМРО-ДПМНЕ, откако од опозициската партија најавија дека ќе испорачаат нов закон за решавање на статусот и надлежностите на СЈО, но и дека ако има скриена амнестија, нема да биде прифатена.
