Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мандатот на СЈО се ближи кон крајот

Мандатот на СЈО се ближи кон крајот

Дали само државниот обвинител Марко Зврлевски ќе може да поднесува барање за заштита на законитоста, дури и за предмети на специјалната обвинителка Катица Јанева и дали ке се забрани употреба на “бомбите” како докази  во судските постапки- врховните судии по празникот во вторник ќе ја продолжат дебатата по овие две точки, кои со свои реферати на маса ги стави претседатлот на судот Јово Вангеловски, објави Телма. 

За универзитетската професорка Беса Арифи нема дилеми дека прислушкуваните разговори можат да бидат доказ. Скопскиот апелациски суд веке се произнел позитивно во случајот Шпион каде исто така како доказ биле користени прислушкувани разговори и тоа е дел од судската пракса во земјава обајснува Арифи, а својот став го поткрепува и со пресуди на Европскиот суд за човекови права

Во пресрет на крајот на јуни, последен рок во кој Јанева може да поднесе обвиненија, според професорката Арифи се прават саботажи на работата на СЈО, а последните чекори вели се правни акробации кои се полоши  и од минатогодишните аболици на претседателот. 

Слично

Поврзани вести