Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАНДАТАРОТ ЗАЕВ ИМАШЕ ЕКСПОЗЕ ВО СОБРАНИЕТО: Ја претстави програмата и доби аплаузи од пратениците, но и „УА“

МАНДАТАРОТ ЗАЕВ ИМАШЕ ЕКСПОЗЕ ВО СОБРАНИЕТО: Ја претстави програмата и доби аплаузи од пратениците, но и „УА“

Мандатарот Зоран Заев на денешната пленарна седница во Собранието за избор на новата влада своето обраќање го започна со тоа што увери дека се обврзува како премиер заедно со министрите, но и со граѓаните, дека ќе покажат и во наредниот мандат дека можат уште повеќе и уште подобро.

-Со гордост и со чист образ се обврзувам дека заедно со целата влада ќе покажеме уште еднаш дека можеме. Ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро, вети Заев од собраниската говорница.

Вети реформи во правосудниот систем:

-Доаѓа време на неселективно владеење на правото. Првиот чекор, е веќе направен од страна на Антикорупциската комисија, за испитување на имотната состојба на судиите и јавноте обвинители. Исто така се проверува и работата на судиите. Судиите за кои ќе се докаже дека свесно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Предметите од СЈО, кои со години лутаат во судските лавиринти, мора да добијат разрешница, рече Заев.

Во однос на економијата истакна дека минималната плата ќе биде 20.000 денари, а просечната ќе достигне до 34.000 денари:

-Имаме план за стабилна економија. Платите ќе продолжат да растат, а со нови пакети ќе ги помагаме ранливите категории граѓани. Нашите цели се јасни 20.000 денари минимална плата и 34.000 просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат, рече Заев.

Тој најави една милијарда евра странски инвестиции и намалување на стапката на невработеност по кризата по 3 проценти годишно со конечна цел едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот. Најави исто така реформа на јавната администрација, изградба на 260 километри државни патишта, доизградба на железниците, одособено на Коридорот 8.

За договорите со Грција и Бугарија рече дека овозможиле членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ и посветено ќе продолжат да работат на нивно остварување и најави амбициозна временска рамка за отворање и затворање на преговарачката поглавја со ЕУ.

А.Б.

Слично

Поврзани вести