Мандатарот на маса со коалициониот партнер: Се подготвува новиот владин состав
Зоран Заев кој пред два дена доби мандат за состав на нов владин кабинет денеска седнува на преговарачка маса за екипирање на новата влада.
Стартуваат преговорите за идната Влада, а прв на средба со лидерот на СДСМ оди Али Ахмети и ДУИ.
Почнува поделбата за ресорите а парламентарното мнозинство засега не ги открива желбите за фотелја.
Лидерот на СДСМ планира внатрешни партиски престројувања а од ДУИ молчат. Не сакаат да лицитираат со министерските позиции ниту пак со кандидатите за нив.
Беса ќе седне на централно претседателство денес или утре.
Јавноста засега само шпекулира со повеќе имиња.
Фактор вчера пишуваше за рокадите и министерските изненадувања кои ги подготвува мандатарот Заев. Повеќе за тоа прочитајте тука.
