Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манчевски за можни парламентарни избори: И вака и така, ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите

Манчевски за можни парламентарни избори: И вака и така, ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите

Дамјан Манчевски, министерот за администрација и информатичко општество, за Гласот за Америка изјави дека СДСМ е подготвен на истовремени претседателски и парламентарни избори, бидејќи според функционерот, на тој начин можеби ќе биде подобро за власта да работи на најавените реформи.

Претходно, владини функционери во јавноста изјавуваа дека планираните реформи ќе запрат доколку има избори, но Манчевски смета дека, напротив, така ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи, како што вели тој, да им стои на патот на истите.

- СДСМ секогаш е подготвен, избори секако ќе има - дали само претседателски, или и заедно со парламентарни. Одлуката не е лесна, бидејќи и вака се кочат реформските процеси, па затоа ние ги разгледуваме сите опции - изјави Манчевски.

Министерот додава дека во партијата во моментов се прават анализите за тоа, како и дали би излегле со коалициониот партнер ДУИ со заеднички консензуален кандидат за претседател на Македонија.

Претходно, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, уште еднаш повтори дека опозициската партија е убедена дека треба да има паралелни избори на проилет, за да се спречат негативните процеси кои ги наметнал СДСМ, наведе тој за Гласот на Америка.

Слично

Поврзани вести