Манчевски во самоизолација: Заразен неговиот возач и заменик министерот
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски објави дека во следните 13 дена ќе биде во самоизолација. Препораката е откако денеска бил позитивен тестот на заменик-министерот Александар Бајдевски и на возачот на министерот.
„Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред.
Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Covid 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација, напиша Манчевски.
Слично
