Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манчевски тврди дека Игор Југ носел пиштол

Манчевски тврди дека Игор Југ носел пиштол

Дамјан Манчевски, министерот за администрација и информатичко општество, во своето сведочење денеска за настаните на 27 април лани индиректно тцврди дека го видел обвинетиот напаѓач Игор Југ како носел пиштол, упаѓајќи во Собранието на РМ веднаш по прогласувањето на Талат Џафери за собраниски спикер.

 Манчевски рече дека на 27 април бил во прес-салата на Собранието заедно со Зоран Заев и други пратеници и оти кога толпата влегла во прес-центарот забележал човек со црна маица и ознаки на „хос“ кој носел оружје.

- Толпата ја проби вратата. Поголема група луѓе се упати кон нас и почна да мава со раце, стативи за камера, столици, тастатури и се што најдоа пред себе, како и со стапови од знамиња што ги носеа со себе. Видов лице со оружје. Тоа носеше црна маица со ознаки на „хос“ без коса и со брада во тој момент, рече Манчевски. 

Тогашниот пратеник не го посочи вербално Игор Југ во сведочењето, но алудираше на истиот обвинет.

Претходно, Игор Југ, еден од членовите од толпата, во својот исказ тврдеше дека не е „компетентен“ за акт-намера за убиство бидејќи, како што велеше тој, е 49-годишен ветеринар.

Прашан како се однесувало собраниското обезбедување, Манчевски кажа дека чул како шефот на собраниското обезбедување телефонски се обидува да добие некој, но потоа неговиот коментар бил „оставени сме сами". 

Денешното рочиште почна со сослушување на сведокот Дамјан Манчевски, а треба да сведочат и Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.

Слично

Поврзани вести