Манчевски се заблагодари на граѓаните, рече имало стари навики на гласањето
Дамјан Манчевски од СДСМ по затворањето на избирачките места, се заблагодари на гласачите за големата излезност и рече дека и овие избори се повториле некои стари навики.
„И овој пат групации блиски до власта се обидоа да го спречат слободното изразување на волјата на македонските граѓани, но во тоа не успеаја“, рече Манчевски.
Сепак, рече дека тоа нема да влијае на изборите. Манчевски најави повеќе информации за следната прес-конференција која ќе се одржи вечерва.
Манчевски вели дека граѓаните покажале дека ја сакаат Македонија.
Слично
