Манчевски: Пари за МРТВ има, радиодифузната такса ќе се укине
Во ребалансот на Буџетот обезбедени се средства за укинување на радиодифузната такса и за нормално функционирање на јавниот радиодифузен сервис со финансирање од страна на државата, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
Според Манчевски, обезбедено е финансирањето за сите ветувања дадени пред граѓаните до крајот на годината.
Во меѓувреме граѓаните треба да знаат дека радиодифузната такса се уште не е укината и ќе треба да ги подмират своите сметки во наредните месеци додека не биде донесена конечната одлука.
Слично
