Економија, финансии, бизнис

Контакт

MAНЧЕВСКИ ОДГОВОРИ: Ќе има ли отпуштања во администрацијата?

MAНЧЕВСКИ ОДГОВОРИ: Ќе има ли отпуштања во администрацијата?

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска изјави дека во администрацијата реално нема нови вработувања, а има одреден природен одлив. 

Вели дека со предвидените анализи ќе се утврди каде треба да се спроведат преструктурирања, односно реорганизација, за подоцна ако има потреба и нудење на дел од вработените на приватниот сектор.

„Отпуштања нема да има, но преку разни начини на реорганизација ќе се обидеме да ја направиме администрацијата поефикасна. Една од главните делови на реформата на јавната администрација во 21 век е дигитализацијата која исто така ќе биде дел од овој проект“ - рече Манчевски.

Манчевски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Гарет, денеска, во просториите на Министерството потпишаа Меморандум за соработка со кој започнува импелементацијата на проектот „Модернизација и трансформација на јавната администрација“.

Проектот за поддршка на Република Македонија во реформата на јавната администрација во неколку области како што се: стратешко планирање и носење јавни политики, управување со човечки ресурси, подобрување на регулативата и отворени податоци. Вредноста на проектот изнесува 248.000 фунти. 

Слично

Поврзани вести