МАНЧЕВСКИ ОБВИНУВА, ВМРО-ДПМНЕ ДЕМАНТИРА: Што го зголемува бројот на новозаразени во земјава
Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски изјави дека
неодамнешната литијата во Струга, како и неделниве ифтарски вечери, како и
прославата за Денот на полицијата придонесуваат за зголемување на бројот на
новозаразени и понатамошно ширење на вирусот.
Во гостувањето на ТВ 24, Манчевски истакна дека Владата добро се справува со епидемијата, но неказнувањето придонесува повторно да имаме голем број заразени.
- Оваа Влада добро се справи со Ковид 19, а секако дека клучно ни беше дневното информирање кое го правеа здравствените работници, а клучна улога одиграа и медиумите во пренесување на мерките кои треба да се почитуваат. Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР - конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува. А знаеме дека новозаразените луѓе доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено било што, дали внатрешната контрола постапува, немаме изречени санкции, изјави Манчевски.
Од друга страна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш упати критика дека министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски шири лажни вести.
