Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манчевски: Не видовме роднини на поранешни функционери да си заминат од работа

Манчевски: Не видовме роднини на поранешни функционери да си заминат од работа

Дамјан Манчевски, министерот за администрација и информатичко општество, рече дека дел од роднините на актуелните функционери на владеачкото мнозинство се повлекле од своите позиции под притисок на јавноста, но дека нема ниту еден таков случај од предметите со блиските на поранешното раководтсво.

- После повикот на Заев се повлекоа, но не видовме бивши функционери да ги повлечат своите блиски, ниту нешто да кажат во врска со тоа. Затоа ние ги повлекуваме нашите луѓе, а Антикорупциска е повикана да направи се што треба во овие случаи. Формално не е прекршен ни еден закон, ние во иднина законски ќе ги спречиме овие појави - рече Манчевски во емисијата „Детектор“ на СИтел.

Наведе дека во Агенцијата за администрација постои комисија за ревизија која може да разгледа случаи доколку некој се вработил пред некој кој повеќе ги задоволува условите, но дека таа е ограничена само на бирократија, а не на поширокиот јавен сектор во претпријатиијата, образованието, здравството итн.

- Таа комисија треба да има право на отпочнување постапки за сите случаи пошироко и затоа ги повикуваме претставниците на опозицијата да дадат свои членови кои ќе имаат предлози за ова работење - наведе Манчевски.

Вели дека уште стои неодамнешното тврдење дека 10 години членовите на СДСМ биле дискриминирани само затоа што биле подржувачи на тогашната опозиција, но дека таа изјава не ја дал во контекст на новиот бран на вработувања.

До крајот на годината најави серија на законски прописи кои ќе ја покриваат оваа проблематика, а очекува Законот за високораководна служба да биде усвоен за неколку месеци.

Слично

Поврзани вести