Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манчевски: Не треба да се гледа негативно на бројот на советници

Манчевски: Не треба да се гледа негативно на бројот на советници

Министерот за администрација Дамјан Манчевски смета дека бројот на советници кој ги има ангажирано премиерот Зоран Заев не е толку голем како што се перцепира во јавноста и дека во минатото бил повисок.

Дел од 56-мината советници на премиерот како најнов е придодаден Џезаир Шаќири - Хоџа, кој со средно образование ќе заработува 600 евра.

- Бројот на советници на премиерот е значително намален за разлика од предхониот период. Порано тие беа многу повеќе платени во просек, за разлика од денес кога добар дел од нив работат без финансиски надомест за нивните услуги. Владата во текот на денот ќе излезе со податоци. Бројот на советници нема никаква врска со моето министерство, бидејќи нив ги ангажира кабинетот на премиерот според буџетот што го има - рече Манчесвки.

Слично

Поврзани вести