Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манасков до Фондот за здравство: Не е потребно да се бараат надворешни експерти, јас стојам на располагање

Манасков до Фондот за здравство: Не е потребно да се бараат надворешни експерти, јас стојам на располагање

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков синоќа преку Фејсбук информира дека може да помогне да се вратат изгубените податоци во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Манасков вели дека го правел софтверот на ФЗО и смета дека има резервна копија со податоците.

„Не верувам дека нема „бекап“ на податоците во Фондот за Здравство. Јас го правев софтверот за здравство во „clipper“, програмски јазик и „dbase“ база и ја имав базата до 1996 година. А, од тогаш до денес софтверот многупати е дополнуван и доработуван... Не е потребно да се бараат надворешни експерти. Јас стојам на располагање и ја нудам мојата помош да ги вратам податоците, доколку ми дозволат и во било која база да се или во кој хард диск. Ви стојам на располагање“, напиша Манасков.


Дел од здравствените работници од јавното здравство веќе ја имаат јануарската плата на своите сметки, објави доцна попладнево Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), додавајќи дека исплатата ќе тече постепено, во етапи и се очекува да заврши во следните 48 часа.

Вработените во јавното здравство наместо на 10 како секој месец, до денеска немаа земено плата, поради хакерскиот напад на 7 февруари на системот на ФЗОМ. 

Слично

Поврзани вести