Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАН ДО МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Пријавете се за превоз за ревакцинација во Врање

МАН ДО МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Пријавете се за превоз за ревакцинација во Врање

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги повикува сите медиумски работници кои немаат сопствен превоз, да се пријават на man.makedonija@gmail.com заради евиденција за организиран превоз за ревакцинација против Ковид-19 во Врање.

Рокот за пријавување е најдоцна до утре, недела, 13 јуни 2021 година до 19.00 часот.

-Ревакцинацијата ќе биде на 15 јуни 2021 година, во Врање, во Заводот за јавно здравје, но постои можност, кој сака, да се ревакцинира и во спортката сала во Врање. Потребно е со себе, освен документ за лична идентификација, да се носи и потврдата за вакцина која медиумските работници ја добија на 23 февруари 2021 година, при примањето на првата доза, соопштија од МАН.


Слично

Поврзани вести