МАН бара медиумските работници да се вакцинираат меѓу првите
Македонската асоцијација на новинари МАН бара од Владата да се обезбеди примарна вакцинација за медиумските работници кои секојдневно се максимално изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот паралелно со вакцинацијата на медицинските лица и најзагрозената категорија на стари лица и изменоштени лица.
- Поради карактерот на извршување на работните обврски, новинарите – репортери, снимателите, фоторепортерите се секојдневно изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот. Затоа е неопходно да се изврши нивна имунизација заедно со примарните групи предвидени за вакцинација. Македонската асоцијација на новинари МАН е подготвена да излезе во пресрет на владата обезбедувајќи листа на членови (медиумски работници) за кои е потребна итна имунизација, велат од МАН.
