Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малолетникот од Кочани чиј татко се закануваше со оружје, сега крадел во Штип

Малолетникот од Кочани чиј татко се закануваше со оружје, сега крадел во Штип

Малолетниот Ром од Кочани чиј татко неодамна се закани дека ќе убива, деновиве крадел низ куќи во Штип. Домашните камери на штипјанка го лоцирале како спокојно влегува и со украденото излегува од нејзиниот дом, пишува ТВ Стар.

- На ќерка ми тоа се случи што и ја ограбија куќата, но детето е од Кочани затоа што оперираше во Кочани а сега почна и во Штип. Пари, палта на деца, ранци, алишта, се собрал и мобилни, таблети, часовници се живо е собрано од дете што пред два месеца беше во Кочани чиј родител се закануваше со оружје и така. Ќерка ми има камери и се но сега децата се плашат, не смеат ни дома да си отидат за да спијат.



 
Снимките, биле кристално чисти и на полицијата и биле доставени веднаш по што таму констатирале дека се работи за малолетникот чии кражби во Кочани пред неколку недели направија вистинска збрка. 

Тогаш, тој при кражба на лице место беше фатен во населбата Трајаново Трло, а сопствениците не ја пропуштија приликата на малолетниот крадец да му покажат дека местото не му е таму.

Во јавноста се појавија снимки од кои се гледа како тие за стореното со него се пресметуваат.

На насилството врз малолетниот Ром молскавично одговори неговиот татко, кој со оружје преку социјалните мрежи се закани дека ќе се одмазди.


Слично

Поврзани вести