Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛОЛЕТНИК ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА ПО ДОМАШНА ТЕПАЧКА, добил исекотини од ножици од неговиот брат

МАЛОЛЕТНИК ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА ПО ДОМАШНА ТЕПАЧКА, добил исекотини од ножици од неговиот брат

Во тепачка меѓу двајца малолетници од Крива Паланка едниот се здобил со посериозни повреди поради кои завршил во болница. 

Малолетникот најпрво бил преземен од итната медицинска помош, а според извештајот на Министерството за внатрешни детали, кој и не нуди доволно детали, тепачката настанала напладне. 

- Во Полициската станица Крива Паланка вчера во 12:45 часот е пријавено дека во итната медицинска помош Крива Паланка во 12:10 часот од П.Д. било донесено со повреди нејзиното малолетно дете, кои, според пријавеното, по претходна расправија му биле нанесени со остар предмет (ножици) во нивниот дом во Крива Паланка од неговиот малолетен брат. 

Полициски службеници излегле на местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во извештајот на МВР.

Слично

Поврзани вести