Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАНОТ ЗАВРШИ НА КЛИНИКА - Сообраќајка во Скопје, учесниците тешко повредени

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАНОТ ЗАВРШИ НА КЛИНИКА - Сообраќајка во Скопје, учесниците тешко повредени

Нова сообраќајка во која учествува малолетно лица во главниот град. 

Како што известува МВР, во текот на вчерашниот ден, поточно вчера вечерта кратко по десет часот дошло до судар на два автомобили, од кои едниот бил управува од малолетник од Скопје кој се здобил со тешки телесни повреди и заврштил на Клиника.

Во несреќата со повреди се здобиле и патниците во другото возило во кое се судриле, а тие завршиле во Градската општа болница.

- На 24.04.2023 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Босна и Херцеговина“ и ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“, управувано од А.Т.(22) од Скопје и патничко возило „пежо 107“, управувано од малолетник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле возачот А.Т. и сопатник од истото возило, З.А.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - соопштуваат од МВР и додаваат дека на местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слично

Поврзани вести