Малолетник со мотоцикл прегази пешак во Кисела Вода и избегал
МВР објави дека е пронајден малолетникот кој со мотоцикл синоќа удри пешак во Кисела Вода, а при тоа утврдено е дека возел без возачка дозвола
„Денеска околу 19.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот“, информира полицијата.
По преземени мерки од полициски службеници, пронајден е мотоциклистот и утврдено е дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола. Се работи на расчистување на случајот.
Слично
