Малолетник со БМВ возел на автопатот Скопје - Велес и излетал со уште пет сопатници
Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако со БМВ излетал на автопатот Скопје - Велес вчера во доцните вечерни часови, а во возилото имало уште пет сопатници.
„На 29.11.2021 во 01.15 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на надвозниот кај с.Ржаничино, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.Н., а управувано од неговиот 17-годишен син од с.Огњанци, скопско, излетало надвор од коловозот“, соопшти МВР.
Со телесни повреди се здобиле сопатниците З.Ж.(19), М.Д.(19) и уште тројца малолетници, кои биле префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.
Слично
