Малолетник се шетал со гасен сигнален пиштол-му го нашла полициска контрола во автобус на ЈСП
На 20.11.2017 година околу 19.00 часот на бул. „Крсте Мисирков“, пред поликлиника Бит Пазар, полициски службеници извршиле контрола во автобус кој сообраќал на релација Транспортен Центар-Бит Пазар.
При преглед кај 15-годишник од Скопје, бил пронајден еден гасен сигнален пиштол марка „ЕКОЛ“ калибар 9 мм и една рамка за пиштол без муниција. Малолетникот бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
