Малолетник се онесвестил и завршил во болница откако се напил алкохол во кафуле во Охрид
Полиција упаднала во кафуле во Охрид, откако локален малолетник се напил алкохол на истото место, по што се онесвестил и завршил во болница, известува МВР во денешниот билтен.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против угостителскиот објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид за „точење алкохолни пијалаци на дете“.
- При контрола во објектот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14 - годишен малолетник од Охрид на кого му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде побаран документ за идентификација и утврдување на возраста, гласи соопштението.
По консумирањето на алкохолот, малолетникот паднал во бессознание, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.
