Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малолетник прободен со нож во Ново Лисиче

Малолетник прободен со нож во Ново Лисиче

Околу 21.30 часот, додека малолетникот Б.В од Скопје бил заедно со уште неколку другари и одел по на булеварот “Видое Смилевски Бато“ , му пришле малолетникот С. Д., неговиот 22-годишен брат Н.Д и уште едно постаро лице.

Кога пристигнале С.Д му се заканил на детето дека ќе го прободе со нож заради некои претходни расправии, а кога малоелтникот тргнал да си замине, насилникот од позади го прободел со остар предмет во пределот на грбот, по што успеал да избега.

Детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Градска општа болница “Наум Охридски“. Од страна на доктор првично се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на лекување.

Околу полноќ на Ургентен центар, лекарска помош побарале и 45-годишниот Д.Д. и Н. Д., татко и брат на детето, кои се пожалиле на повреди кои ги здобиле на истиот настан, а биле нападнати од лицата кои биле во друштво на Б.В.

Од страна на доктор кај двајцата се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.

Се превземаат мерки за расчистување на крвавиот настан.


Слично

Поврзани вести